Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

Од:

На 02.03.2024 околу 19.30 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција