Билјана Вакновска и Стевчо Јакимовски им се приклучија на Бујар Османи, Арбен Таравар и на Максим Димитриевски откако ја надминаа границата од неопходни 10 илјади потписи за влез во трката за претседател на државава.
Синоќа и Вакновска која е кандидтка на Левица и Јакомовски од ГРОМ информираа дека ја имаат потребната поддршка за претседателска кандидатура.
Кандидатие на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Давкова-Силјановска викендов ќе бидат официјализирани од партиските тела и потоа и тие ќе собираат потписи од граѓаните.
Останатите претенденти за претседателска кандидатура засега се далеку по минимумот од 10 илјади потписи.
Потписи ќе се собираат до 8. март на полноќ. Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и паралемнтарите избори.