МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Од:

Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна храна.

„Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош.

Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена“, соопштија од МНР.

Би можело да ве интересира

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Русија удри во „срцето“ на украинската металургија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Холандија се откажува од Евровизија