САД го блокираа соопштението во кое се обвинува Израел за смртта на повеќе од 100 убиени Палестинци

Од:

Соединетите Американски Држави го блокираа соопштението на Советот за безбедност на Обединетите нации предложено од Алжир и поддржано од арапските земји, кое би ги обвинило израелските сили дека отвориле оган врз Палестинците кои чекале испорака на храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и ги убиле повеќе од 100 луѓе.

Палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур изјави за новинарите по вонредната затворена седница на Советот за безбедност на ОН дека 14 од 15 членки на Советот за безбедност го поддржале соопштението, извести АП.

Соединетите Американски Држави не ја поддржаа изјавата, а заменик американскиот амбасадор Роберт Вуд на новинарско прашање зошто САД донеле таква одлука, одговори дека не се познати сите факти за инцидентот.

Вуд додаде дека има спротивставени извештаи и дека САД се обидуваат да ги соберат сите факти, вклучително и „околностите околу тоа како загинале луѓето“.

Според него, дипломатите работат на тоа „да видат дали може да се најде нешто за што сите можат да се согласат“.

Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас вчера објави дека 104 Палестинци загинале, а уште 700 се ранети во израелските воени напади додека чекале камиони со помош во градот Газа.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Најмалку 17 Палестинци загинаа во појасот Газа

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија