Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Од:

Уапсена е 42-годишна жена, која била фатена на дело како краде паричник од пациенти во болницата во Тетово.

Според информациите жената била затекната во една од собите на тетовската Клиничка болница, при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка.

„ Вчера (27 февруари) во 12.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С.. Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница.“ велат од МВР.

Жената  била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски