Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Од:

Тешка сообраќајка се случи утрово на патот Кавадарци-Росоман во кое учествуваа две возила „пежо 206“ и „фиат пунто“.

Три лица се повредени, од кои едно потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно, соопштија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.

Возилата се целосно уништени, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

29-годишен Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на Плетвар

Орце Костов

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он

Казнети 136 возачи во Скопје: Возеле брзо, немале возачка, зборувале на телефон

А1он