Уапсени се 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол, посочуваат од МВР.

Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со порака сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено