Претседателскиот кандидат на ДУИ, шефот на дипломатијата Бујар Османи е најблуску до потребните 10 илјади потпсиа за кандидатура. Според податоците на ДИК, ОСмани со синоќа до 20 часот имал 8560 потписи.
На вторто место е градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој ја надмина половината од потребните потписи. Синоќа беше на 5923. Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, е на половина пат, има 4478 потписи.
Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски е на бројка од 3091 потпис, а потоа е кандидатот на здружената опозиција на албанските партии Арбен Таравари кој има 1645 потписи. Останатите претенденти за претседателска кандидатура се под 1000 потписи.
Собирањето потписи почна на 23 месецов, а завршува на 8 март. Кандидатите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Слијановска-Давкова не се обврзани да собираат поптиси затоа што ја имаат поддрѓката од 30 пратеници.
Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.