Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

Од:

Ќе ја градиме партијата во демократски дух, нема да се водиме од тоа кој на која позиција ќе биде, ниту пак кој ќе биде пратеник, вели во изјава за А1он портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, откако претседателот на општинската организација на ЗНАМ во Кочани, Николчо Гоцев вчера поднел оставка, а со статус на Фејсбук повика дека нема да собира потписи за претседателската кандидатура на Максим Димитриевски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е демократска партија со еднакви права и можности на сите членови, а не партија преку која ќе се остваруваат личните интереси на поединци. На првиот конгрес на партијата, а потоа и на Централниот одбор, избрано е ново раководство во кое се претставени регионално и локално сите Општински организации и дополнително ќе следува проширување на органите и телата со претставници од новите Општински организации кои се во фаза на формирање. Личните незадоволства се приватна работа и нема да навлегуваме во коментирање на истите. Ние ќе ја градиме партијата во демократски дух, при тоа не водејќи се од тоа кој на која позиција ќе биде, ниту пак кој ќе биде пратеник во идниот собраниски состав. Недоразбирањата во Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Кочани се надминати, а согласно статутот, секој член има право да го задржи своето мислење, но одлуките на мнозинството е должен да ги почитува“, вели за А1он портпаролот Мемов.

Претходно, А1он побара став и од Гоцев, но не добивме одговор за што станува збор и зошто се откажува од функцијата и партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ, ресетирајте се – излезете од канџите на муртинските коруптивни мрежи!

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти – за безбедни згради и сигурни граѓани