За Денот на вљубените во клуб во Белград бил послужен чист алкохол, етил етанол, познат како шпиритус. За него се вели и дека е апсолутен алкохол.
Се работи за безбојна течност која има над 96% алкохол, процент кој може да предизвика фатални последици.
За среќа, сите деца кои пиеле алкохол во клубот се навреме згрижени во болница и не се во животозагрозувачка состојба. Се уште нема информации како таков алкохол завршил на масите во клубот за време на прославата.
Децата остануваат под лекарски надзор и понатаму, бидејќи состојбата може да се искомплицира и неколку дена после консумирањето на чист алкохол. Се следат моториката, како и работата на органите како црниот дроб, панкреасот и бубрезите.
Лекарите потсетуваат дека и во минатото имало труења со сомнителни пијалаци, кога произведувачи на алкохол го разредуваат со евтиниот шпиритус, со цел да заработат повеќе пари. Последиците може да бидат трајни оштетувања на органите па дури и привремено или трајно слепило.