Локализиран пожарот во Ист Гејт Мол

Од:

Локализиран е пожарот што избувна утрово во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје. На најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Нема повредени, само има материјална штета.

– Во врска со информацијата за пожар кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 9 часот и 30 минути, би сакале да Ве информираме дека техничките служби на трговскиот центар заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење. Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани. Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица, ниту е причинета голема материјална штета, се вели во соопштението од Трговскиот центар.

Настанот, како што наведуваат, се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи.

По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време.

Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје се интервенирало со пет возила и 15 пожарникари.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски