Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

Од:

Во земјава лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа кај домашните за 0.6 %, а кај странските за 36.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќавањата, пак, во 2023 во однос на претходната година е зголемен за 10.1 %, кај домашните за 1.4 %, а кај странските за 22.9 %.

Во декември лани се евидентирани 55 875 туристи, од кои 38.6 % биле домашни, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните, а 58.4 % од странските туристи.

Би можело да ве интересира

Жена загина во Неапол кога врз неа паднала статуа од балкон

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

Зголемен бројот на туристи

Туристи од Ќустендил одбиле да патуваат во Скопје оти се плашеле од каменување

A1on

Албанија во јули ја посетиле над 1,4 милиони странски туристи

А1он