Албанија во јули ја посетиле над 1,4 милиони странски туристи

Од:

Промоцијата што најпрестижните медиуми ја направија за туризмот и убавините на Албанија, се чини дека имаше свој ефект, што го потврдува и податокот дека само во јули земјата ја посетиле вкупно 1.403.333 странски државјани.

Според податоците објавени од Институтот за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски државјани во екот на туристичката сезона е за 21 отсто поголем споредено со јули минатата и за 16 проценти повеќе од 2019 година.

Во текот на јули бројот на странци и албански државјани кои влегле во Албанија изнесува над два милиона, што претставува раст од 22,1 отсто во однос на јули 2021 година.

Според ИНСТАТ, повеќе од еден милион лица се изјасниле дека целта на доаѓањето во Албанија е туризмот, при тоа најголем раст е забележан кај туристите од Шпанија со 3,8 пати повеќе и Италија со 48 отсто повеќе од јули пред една година, додека најголем пад е забележан кај туристите од Швајцарија и тоа за 4,2 пати.

Во извештајот на ИНСТАТ, се забележува зголемен интерес и на албанските граѓани за летување во странство. Само во јули надвор од Албанија патувале 556.000 граѓани, наспроти 476,000 во јули минатата година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов