Села закажа Собрание на Алијанса за в сабота, ќе се решава кризата во партијата

Од:

Зијадин Села за в сабота свика седница на Собраниети на Алијанса за Албанците. Според најавеното на состанокот ќе се расправа насоката на партијата на претстојните двојни избори.

Седницата на Собранието на АА Села ја закажува по серијата инциденти поврзани со партијата откако претседателот Арбен Тараваи повика АА да оди на избори со албанскиот опозициски блок. Села ја застапува тезата дека Алијанса треба самостојно да оди на изборите.

Поради ваквиот раскол, во претходните два дена се случија два посериозни инциденти. Прво беше нападнат, директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу, а потоа се појави куршум во дворот од домот на Арбен Таравари.

Доцна синоќа, неколку стотици жители на Гостивар се собраа пред домот на Таравари за да му изкажат поддршка по инцидентот со крушумот.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание