Таравари сака Алијанса сама да оди на избори, но ќе почитува ако партијата реши да коалицира со ДУИ

Од:

Лидерот на политичката партија Алијанса за албанците, Арбен Таравари на новинарско прашање околу можно коалицирање на претстојните избори со ДУИ, на настан во Гостивар одговори дека конечниот став ќе биде познат за неколку дена. Иако лично не го посакува, сепак, како што рече ќе го почитува конечниот партиски став.

– Наскоро ќе го соопштиме напиот став, со оглед дека нé газат роковите. Верувам дека следната недела ќе има одлука. Ние имаме одлука на партиското претседателство која е актуелна, но партиското собрание може да донесе друга одлука. Пред четири месеци рековме дека сами ќе одиме на избори, но ќе ги видиме околностите, ги слушаме и препораките. Конечната одлука се носи во Собранието, која можеби ќе биде потврдена, а може и не. Јас ќе ја почитувам одлуката, како и секогаш досега, рече Таравари.

Според неговите предвидувања, за ова прашње ќе има одоговор во наредниве четири до пет денови.

Околу препораките на странските дипломати да се направи „нон пејпер“ и да се дистанцира од ВМРО ДПМНЕ, Таравари нагласи дека такво нешто не му е сугерирано и дека е во постојан контакт со претставници на западноевропските земји. Тој потврди дека утре е поканет на средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, но не знаеше да каже кои ќе бидат теми на разговор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски