(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на Синдикатот во ЈСП Африм Муча по завршување на вонредната седница на Град Скопје, на која поради гласовите „против“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ не беа изгласани субвенци за ЈСП, со што вработените нема да ја земат декемвриската плата, на високи тонови ги обвини советниците кои не дозволија да се дадат субвенциите дека поради нив народот ќе мрзне, бидејќи автобусите нема да сообраќаат.

„Субвенции треба да изгласаат. Како не ви е срам, народот мрзне надвор. Уште повеќе ќе мрзне утре. Вашите деца не мрзнат, моето дете мрзне. Срам да ви е. Не шетав јас четири дена, вие шетавте. Паушали знаете да земате, ние не земаме. Треба да се срамите. Со нашите гласови дојдвте тука, треба да ви е срам. Одете дома, кажете им на вашите синови и жени што направивте. Кажи му на моето 15 годишно дете што да јадеме. Роденден му беше, немав како да му славам“, рече Муча.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ барале гласови претходно, а сега ги остава вработените во ЈСП без плати. По седницата, претседателот на советот, Трајко Славески тргна да излегува од салата, по што наиде на негодување од вработените во сообраќајното претпријатие кои беа присутни на седницата.

Би можело да ве интересира

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан