Осумнаесетгодишна скопјанка лажно пријавила дека педесет и петгодишен тетовец на сила ја држел дома

Од:

Полицајци од Тетово синоќа на полноќ ја лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје оти лажно пријавила дека била со сила држена кај тетовец, соопшти МВР.

„Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик, односно за лажно пријавување на тетовецот.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината