Според новиот нацрт – устав на Зимбабве се предвидува забрана за изречување на смртна казна за жени, како и мажи постари од 70 години и помали од 21.
Ова е одлучено по тригодишни преговорања меѓу помошниците и советниците на ривалите, претседателот Роберт Мугабе и премиерот Морган Цвангираија.
„Законот би можел да дозволи смртната казна за тие кои се виновни за убиство и други тешки случаи, но не може да се изрече смртна казна на жените, мажи помлади од 21 година и постари од 70 години – се наведува во нацрт-уставот.
За овој предлог планирано е да се дискутира на отворена седница кон крјот на август, а потоа ќе биде распишан и референдум. Граѓаните на Зимбабве треба да се изјаснат за или против, пред изборите планирани во 2013 година.