Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Од:

Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, или 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи, вели Бујар Османи откако во јавноста излезе информацијата дека и тој е меѓу функционерите чии роднини се вработени во македонската навигација.

„Работи од пред 15 години, за критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Тоа е 12 години пред јас да станам МНР. Веќе 15 години јас истото образложение го давам, меѓутоа изборите си го прават своето“, рече Османи.

Вчера пак, премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ги коментира роднинските врски помеѓу вработени во М-НАВ и функционери, посочувајќи дека тој не бил портпарол на министрите, иако претходно коментираше дека освен синдикалецот Александар Тасевски, во М-НАВ биле вработени прво неговиот татко, а потоа и неговиот брат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито