Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека ставовите за вработувањата во М-НАВ му се принципиелни, но не сакаше да ги коментира фамилијарните врски на вработени во македонската навигација со министри од неговата влада. Според него, семејните вработувања се карактеристика на општество во транзиција, но смета дека во Македонија доаѓа времето кога професионализмот ќе биде најважен.

„Гледам дека министрите кои што имаат вработени блиски си даваат ставови, јас не можам да бидам портпарол на семејства на други луѓе, ниту сум претендирал да бидам такво нешто. Ако се отвори таа тема, тогаш треба да видите и во Академија на судии кој се станува судија и обвинител, па имаше и еден поранешен министер кој што е многу гласен, тој и дадилката која му го чуваше детето ја вработи во Министерството за надворешни работи. Тоа е една карактеристика на едно општество во транзиција, такви се отприлика сите општества во транзиција, сите држави во кои што таа првобитно формирање на администрацијата има најразлични примеси. Веќе доаѓа време кога професионализмот ќе биде најважен. Ова е држава која се развива, се разликува од тоа што беше пред 32 години и сметам дека професионалците ќе бидат тие кои ќе ја водат до полноправно членство во ЕУ и ќе има најголем раст откако ќе стане членка на Унијата“, рече Ковачевски.

Претходно, Ковачевски ја карактеризираше М-НАВ како семејна фирма, бидејќи освен синдикалецот Александар Тасевски, во М-НАВ работеле и неговиот татко и неговиот брат.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски