Несреќа во Франција: Пет лица загинаа во ладните води на Ла Манш

Од:

Пет лица загинаа, а еден е во критична состојба откако жртвите се удавиле во ладните води на Ла Манш додека се обидувале од северна Франција да стигнат до Велика Британија, соопштија француските поморски власти.

Четири лица биле пронајдени мртви во раните утрински часови во неделата, додека телото на петтата жртва го пронашол шетач околу девет часот. Жртвите биле дел од група од повеќе од 70 луѓе кои се обидувале да се качат на чамци надвор од приморското одморалиште Вимеро во неделата околу два часот по локално време, според извештаите на локалните медиуми.

Севкупно, 72 лица беа спасени во текот на ноќта, а 20 страдаа од напредната хипотермија, вклучително и две мали деца и една бремена жена, па сите се пренесени во болница во Булоњ.

Магазинот „La Voik Du Nord“ објави дека меѓу спасените во инцидентот има и едномесечно бебе.

Би можело да ве интересира

Над 45.000 луѓе годинава илегално го преминале Ла Манш

Тројца загинати откако во Ла Манш се преврте мал брод

А1он

Во тек е спасувачка акција во Ла Манш, се преврте мал брод

А1он

Илјада мигранти викендов го преминаа Каналот Ла Манш, спасени уште неколку стотици

Повеќе од 360 мигранти спасени во Ла Манш

Ана Ололовска

Патници со часови останале заробени во тунелот под Ла Манш, откако се расипал возот