Десет лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по несреќа во рудник за јаглен во градот Пингдингшан, во кинеската провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти.
Прелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила во петокот во 14.55 часот по локално време, поради експлозија на гас во рудникот, кој е во сопственост на кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг.
Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.