Централната команда на САД на социјалната мрежа Х објави видео од моментот кога американските авиони, заедно со британските сили тргнуваат во напад врз Хутите во Јемен.
On Jan. 11 at 2:30 a.m. (Sanaa time), U.S. Central Command forces, in coordination with the United Kingdom, and support from Australia, Canada, the Netherlands, and Bahrain conducted joint strikes on Houthi targets to degrade their capability to continue their illegal and… pic.twitter.com/bR8biMolSx
— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 12, 2024
„Силите на Централната команда на САД, во координација со Обединетото Кралство и поддршка од Австралија, Канада, Холандија и Бахреин извршија заеднички напади врз цели на Хутите за да ја намалат нивната способност да продолжат со нивните незаконски и непромислени напади врз американски и меѓународни бродови и комерцијален брод во Црвеното Море. Оваа мултинационална акција беше насочена кон радарски системи, системи за противвоздушна одбрана и места за складирање и лансирање за еднонасочни напади на беспилотни воздушни системи, крстаречки ракети и балистички ракети“, пишува во објавата на Централната команда на САД.
Од таму обвинуваат дека Хутите поддржани од Иран се обиделе да нападнат и малтретираат 27 бродови на меѓународните бродски патеки, инциденти кои ги нарекуваат незаконски.