Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити соопшти дека до крајот на месецот ќе се потпише Меморандум со Светската здравствена организација за борба против пушењето и нашата земја ќе мора да се придржува кон ригорозните мерки на СЗО.

– Кога ќе дојде до некоја од овие болести кои ги предизвикува пушењето, лекувањето е поскапо, а веќе знаеме дека во нашата мила држава секое семејство губи некој од најмилите. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања – објасни Меџити.

Сите министерства и инспекторати кои имаат надлежност врз овој проблем ќе треба да бидат поорганизирсни во борбата против пушењето.

– Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме. И граѓаните велат дека пушењето е штетно. Тоа што ме загрижува најмногу, е пасивните пушачи, новороденчињата и децата, да се грижиме за нив – додаде Меџити.

Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.

Би можело да ве интересира

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

Алиу: Заштитата на здравјето е приоритет, законот против штетите од тутунот помина во прво читање

Горан Наумовски

Предлог-законот за ограничување на употребата на тутун помина во Комисијата за здравство

Горан Наумовски

Рестрикциите за никотински производи предизвикаа побуна кај Европејците – „Ќе не вратите на цигари“, „Не’ оставате на банди“…

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски