Предавање на Колинда Грабар Китаровиќ во Тетово

Од:

Помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија Колинда Грабар Китаровиќ денеска пред студентите  и професорите од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово одржа предавање „Улогата на НАТО во новиот свет“.

На предавањето присуствуваше министерот за одбрана Талат Џафери го најави 15-от циклус од Акцискиот план за членство во НАТО, кое Македонија наскоро ќе го почне.

– Република Македонија својата иднина ја гледа во членството во НАТО и во ЕУ. Гледано од перспектива на Република Македонија, НАТО е клучниот столб на современата евроатлантска безбедносна архитектура, додека на ЕУ се гледа како на главна движечка сила за демократски, економски и општествен развој на целиот европски континент, изјави Џафери.

Колинда Грабар Китаровиќ во предавањето имаше охрабрувачка порака до Македонија за евроатланските интеграции.

– За земјите од Западен Балкан, ЕУ и НАТО носат придонес за младите генерации и нивната иднина. Изолацијата не помага, создава затворени општества и го зајакнува национализмот. Се надеваме дека условите за вашето членство ќе бидат исполнети, а добрососедските односи се меѓу најважните за членство во НАТО. Знам колку е тешко, но можам да ве поддржам да продолжите со напредокот, не само за разрешувањето на спорот со името туку и во зајакнувањето на институциите, имплементација на Охридскиот рамковен договор, слободата на медиумите и сите други апекти кои се за доброто на граѓаните, рече Грабар Китаровиќ.

Според министерот Џафери, Македонија очекува дека Алијансата и во иднина ќе продолжи да биде главниот столб во справувањето со безбедносните предизвици и закани, не само на европско тло, туку и пошироко во евроатлантската област.

Би можело да ве интересира

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени