Полска: Уапсени поранешниот министер Камински и неговиот заменик

Од:

Полската полиција денеска соопшти дека го уапсила поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик во претседателската палата во Варшава.

– Ве известуваме дека по одлука на судот се уапсени две лица – соопшти полицијата на социјалната мрежа Икс.

Полскиот премиер Доналд Туск претходно денеска го обвини претседателот Анджеј Дуда дека ја попречува правдата, откако Камински и неговиот заменик Мачеј Васика беа видени во претседателската палата.

Стотици демонстранти се собраа пред претседателската палата на покана на партијата Право и Правда (ПиС), чии членови се Камински и Васик, барајќи веднаш да бидат ослободени.

Неколку недели откако ПиС дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание, и му дозволи да стане министер за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

Во постапката пред Aпелациониот суд беше одлучено случајот повторно да се отвори, а во декември минатата година Камински и неговиот заменик Мациеј Васик беа осудени на две години затвор за злоупотреба на политичките овластувања.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина