На градоначалникот на Дубровник му се закануваат поради Здравко Чолиќ: Ќе те обесиме

Од:

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ сподели фотографија од заканувачкото писмо што го добил затоа што дозволил да се одржи предновогодишниот концерт на Здравко Чолиќ.

Се наведува дека писмото го испратиле хрватските бранители Тигри и Четвртата бригада на Хрватска.

„Другар Франковиќ, кога го браневме Дубровник од четниците и Србија во 1991 година, денес каниш српски пејачи на Страдун како Здравко Чолиќ и Цеца Српска кои им пееја на четниците во Пале, сега мислиш дека ќе го исмејуваш хрватскиот народ. Последното предупредување дека цел Страдун ќе го изораме со динамит, а тебе ќе те обесиме на јарбол на Страдун“, пишува во писмото.

Честитка за добро утро од „бранителите“ кои немаа храброст да се потпишат“, вели Франковиќ во описот на фотографијата.

На предновогодишниот концерт во Дубровник, Здравко Чолиќ меѓу другото рече дека има убави спомени од овој град. Тој пееше пред 30.000 луѓе на Страдун во Дубровник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снајперисти, дронови, морнарица, строги безбедносни мерки за доаѓањето на Зеленски во Дубровник, на Самитот ќе учествува и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силно невреме во Далмација, Дубровник под вода, повик да не се излегува од дома

Предраг Петровиќ

Келнер во Дубровник силувал Американка на тераса од пицерија

По забраната за концертот, во клубовите во Пула ечат српските народњаци

Предраг Петровиќ

Експлозија во магацин кај Дубровник, едно лице загина

Горан Наумовски

Експлозија во магацин кај Дубровник, едно лице загина

А1он