Тасевски: Ако не се разреши раководството на М-НАВ ќе го затвориме воздушниот простор над Македонија

Од:

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање во државната М-НАВ, Александар Тасевски денеска на повик на делегацијата на Европската Унија во Македонија беше на разговор за случувањата во македонската навигација. Според него, излегуваат на виделина сите работи за кои предупредувале, а делегацијата на ЕУ била целосно запознаена со сите случувања во М-НАВ.

„Имаме многу добро разбирање со институции кои функционираат на начин на кој сакаме и ние да функционираме. Жално е што ова одекнува насекаде, но имаме целосна поддршка. Ги информиравме сите синдикати во Европа, имаме поддршка, дури се организира и доаѓање овде, како поддршка“, рече Тасевски.

Тој посочи дека веднаш по нападот во М-НАВ, побарале од МВР да ги преземе сите активности за лоцирање на виновниците, но и обезбедување на зградата на македонската навигација.

„Бараме од МВР да ги лоцира, открие сите сторители на настанот, да покренат соодветни постапки, без разлика дали лицата биле вработени, соучесници во целиот овој процес или се лица кои упаднаа. Побаравме да се делегираат лица кои ќе бидат обезбедување на објектот, бидејќи очигледно службата за обезбедување не ни е функционална штом успеаја лица кои не се вработени да влезат во објектот, кажа Тасевски.

Како синдикат, очекуваат владата да го исполни ветувањето, раководството на М-НАВ да биде разрешено.

„Ако не се испочитува тоа, решени сме да го затворивме воздушниот простор над Македонија од 10 јануари, затоа што битката се води и за обезбедување и гаранција на безбедност на секој патник кој што патува со авион“, посочи Тасевски.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: ЕУ стравува дека Трамп ќе биде обвинета за воениот неуспех на Украина

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Калас: Треба да престанеме да купуваме руска енергија

Горан Наумовски