Две деца биле киднапирани од ресторан во Данска кога дошле со својот татко да гледаат огномет.
Стефан Хансел седел во ресторан со своите деца и чекал да започне огнометот, кога двајца киднапери го нападнале и ги ставиле децата во два автомобили.
Инспекторите веднаш започнале потера, а информирани се и властите во Германија поради сомнеж дека киднаперите ќе ја преминат границата. Се претпоставува дека киднапирањата се поврзани со тековната битка за старателство меѓу родителите.
Инаку, двата автомобили биле регистрирани со германски регистарски таблички.
Како што објави Билд, киднапираното момче Теодор (10) и девојката Клара (13) се деца на позната наследничка синџир ресторани во Данска која е во врска со ТВ легендата Џерард Делинг (64).
Мајката Кристина нема никаков контакт со децата по разводот од нивниот татко Стефан.
Засега ниту германските ниту данските власти не знаат каде се двете деца.