Flightradar, страница на која можете да ги следите летовите на авионите, објави колку авиони имало во воздухот низ светот во времето на новата година.
With 10,560 flights in the air at 00:00 UTC, it's officially 2024 for the world of aviation. Happy new year! pic.twitter.com/s9YvYYVdOI
— Flightradar24 (@flightradar24) January 1, 2024
Како што е објавено на социјалната мрежа XFlajtradar, во моментот на пристигнување во 2024 година, според координирано универзално време, ширум светот во воздухот имало 10.560 авиони.
Во коментарите на оваа објава, еден од корисниците на Икс пресметал дека тоа значи дека 1,5 милиони луѓе го прославиле доаѓањето на новата година во авиони.