Шојбле прогнозира излез на Грција од рецесија по 2014 година

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле прогнозира дека од 2014 година Грција ќе почне да излегува од рецесија и ќе забележи раст на БДП, што ќе е поголем од растот на долгот, објави весникот „Етнос“.

Шојбле повторно ја отфрли можноста за ново отпишување на грчкиот долг.

– Грција во 2014 година би можела да го остави зад себе најлошото, изјави германскиот министер за финансии за весникот „Цајт“, нагласувајќи дека имало „кратење“ на нејзиниот долг во 2011 година и дека грчките државни обврзници биле доброволно намалени од недржавни кредитори за 53 проценти.

Тоа нема повторно да се случи, второ „кратење“ на грчкиот долг нема да има, истакна Шојбле.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески