Мурињо: Не сум во шок, тоа е фудбалот

Од:

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо изјави дека не е во шок по синоќешниот пораз од Базел што светските медиуми го пренесоа како изненадување на вечерта во Лигата на шампионите.

– Не сум шокиран. Фудбалот е игра во која некогаш се победува, но некогаш и се губи. Секако дека не сум среќен поради резултатот, но повеќе ме загрижува начинот на кој игравме. Иако го имавме поголемиот посед на топката не успеавме да создадеме многу шанси за гол, истакна Мурињо.

Португалецот побара од неговите играчи што е можно побрзо да го заборават овој пораз и да се издигнат на психолошки план.

– Мојата екипа покажа многу желба за успех, но во овој случај тоа не беше доволно. Знам дека играчите се под психолошки товар, но тие мора да се издигнат и веќе на следниот дуел во Премиер лигата да го покажат тоа што го знаат. А и во Лигата на шампионите има уште пет натпревари и многу можности да го надополниме изгубеното и да ја поминеме групата, нагласи Мурињо.

Челзи синоќа во 1.коло од Лигата на шампионите на својот стадион загуби од швајцарскиот претставник Базел со 2:1 со пресврт, откако „сините“ први дојдоа во водство.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска