Елмас потпиша за Лајпциг

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас (24) успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг.

Трансферот на Елмас од Наполи во Лајпциг, според медиумите, изнесува 25 милиони евра, плус еден милион евра во бонуси.

Македонскиот репрезентативец се обврза на верност со Лајпциг до 2028 година.

Елмас се сели во германскиот прволигаш од редовите на Наполи каде дојде од Фенербахче во 2019 година за 16 милиони евра.

Елмас треба да им се приклучи на новите соиграчи во шпанска Ла Манга од 2 до 7 јануари.

Бундеслигата продолжува кон средината на идниот месец, а Лајпциг во првиот натпревар на 13 јануари е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт.

Новиот клуб на Елмас во моментов е четвртопласиран во Бундеслигата со 33 бодови, девет помалку од лидерот Баер Леверкузен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски

Елмас останува во Наполи и во новата сезона

ВИДЕО: Навивач влета на теренот за селфи со Елмас

Катерина Ѓуровски

Елмас втор пат прележа коронавирус

Ана Ололовска

Елмас втор пат позитивен на коронавирус

Ана Ололовска

УЕФА го избра Елмас за играч на колото во ЛЕ

А1он