Фудбалерите на Базел успеаја да им се реваншираат на играчите на Челзи за ланската елиминација во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тие синоќа во првото коло од групата Д во Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“ славеа со 2:1.
Од екипите на македонските репрезентативци кои настапуваат во Лигата на шампионите, Наполи ја победи Борусија Дортмнд, а Горан Пандев одигра 15-ина минути, додека Стеауа загуби на гостувањето кај Шалке, а Даниел Георгиевски ги одигра сите 90 минути.
Преглед на синоќа одиграните натпревари од 1.коло од ЛШ:
Е група: Челзи – Базел 1:2 и Шалке – Стеауа 3:0.
Ф група: Олимпик Марсеј – Арсенал 1:2 и Наполи – Борусија Дортмнд 2:1.
Г група: Атлетико Мадрид – Зенит 3:1 и Австрија Виена – Порто 0:1.
Х група: Барселона – Ајакс 4:0 и Милан – Селтик 2:0.