Бочварски: Кичево-Охрид ќе се заврши, но од извештајот на ревизијата зависи дали тоа ќе биде „Синоходро“

Од:

До крајот на неделава министерот Благој Бочварски ќе го добие извештајот за ревизијата за автопатот Кичево – Охрид и од неговите резултати ќе зависи дали ќе се раскине договорот со кинескиот изведувач „Синохидро“.

Според Бочварски, Владата ќе го донесе заедничка одлука по презентација на извештајот на следната седница.

„Јас очекувам во текот на оваа недела да биде доставен од страна на надзорниот орган и од страна на ФИДИК експертите до ЈПДП и до Министерството по што ќе побараме тој извештај да биде разгледан на седница на Влада. Сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата. Ќе ја презентираме целата моментална состојба, но, овде, таа презентација и идните чекори, пред се, треба да дојдат од експертите кои ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен“, рече министерот Бочварски за време на увидот на градежните работи на браната на реката Отиња во Штип.

Министерот смета дека е рано да се размислува за раскинување на договорот и да се размислува за идните чекори иако на 31 декември истекува рокот за завршување на автопатот кој почна да се гради пред десет години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево да биде пуштен до почетокот на следната летна сезона очекува министерот Николоски

Повредени се две жени откако „пежо“ излета од автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Со нов закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево-Охрид, најави Николоски

Автопатот Кичево-Охрид да биде готов до 2026 година, новата власт ветува откочување на работите