(ВИДЕО) Јакимовски за „Алумина“: Ќе доминира зеленило, се работи за објекти како во Дубаи и Чикаго

Од:

Не ни очекував дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа ДУП-от, се работи за нови, современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија, Белград, рече на прес конференција градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, а по најавите дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат носењето на деталните урбанистички планови за „Алумина“, Влае и „Млечен“.

„Тие се за згради со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика и патриотизми, како што се лажни нивните заложби за зеленило. Имаат изградени објекти без ниту еден метар квадратен зеленило, туку 5-6 саксии, од кои три им се овенети. Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас, кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Македонија. Ние сите се сеќаваме на едно мало жолто зградиче на два ката со мало дворче, а гледате ли сега во какво бетонско чудовиште се изроди штабот на ВМРО-ДПМНЕ? Малку им беше чудовиштето, па изградија и кула, што би рекол Кочо Рацин: „За себе банки дигнаа палати и кули тенки високи“, рече Јакимовски.

Тој посочи дека со планираните згради на местото кај поранешната фабрика „Алумина“, предвидени се уште 1000 паркинг места, покрај планираните 2500 за резидентите во тој кварт.

„Станува збор за површина на која ќе доминира зеленилото, кое ќе опфаќа 80% проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје. Токму поради самата конфигурација на теренот на кој ќе доминира зеленилото, максималниот број на станбени единици/жители е 1.500. Со тоа се води грижа да не се доведе до вештачка пренаселеност во општината. Карпош има најмногу зеленило од сите општини во градот Скопје. Ги лажат граѓаните дека ова не се вистинските проекти, лага е дека ќе има сенка врз бараките затоа што овие објекти се повлечени 35 метри од улицата Прашка. Направени се симулации дека никого не загрозуваат. И со ГУП е водено сметка за инфраструктура, за училишта, градинки. Тоа е современ проект. Истиот проект двапати претходно беше презентиран пред советниците и независните“, кажа Јакимовски.

Според него, ќе има подземни улици, за да нема директен добир со издувните гасови, а ќе има и четири излези за да нема сообраќајно оптоварување.

„Главните улици и паркинзи ќе бидат подземни со што жителите на Карпош нема да имаат директен допир со издувните гасови, а ќе се излегува од четири излези, со цел да се намали евентуалното оптоварување. Одалеченоста помеѓу станбените згради, особено на делот на улицата Прашка ќе биде околу 35 метри со цел самите згради да не фрлаат сенка на зградите од спротивната страна на улицата. Од инвеститорот се бара и гаранција за користење на најквалитетни материјали кои ќе бидат еколошки но и енергетски ефикасни. Не постои друг комплекс во градот Скопје кој има одвоено толку голем процент од површината, 80%, за зеленило“, додаде Јакимовски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот