Ракетен напад врз Киев: Има повредени

Од:

Украина рано утринава собори осум руски ракети насочени кон Киев, соопшти украинската армија.

Локалните власти информираат дека спасувачките служби спасиле неколкумина повредени.

Украинската противвоздушна одбрана објави и дека во текот на ноќта соборила 18 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија од полуостровот Крим, од кои повеќето биле насочени кон јужниот регион Миколаев.

„Според првите информации, околу четири часот Русија започнала ракетен напад врз регионот на Киев“, се вели во соопштението.

Противвоздушната одбрана преку Телеграм објави дека уништила „осум цели кои летале во правец на главниот град по балистичка траекторија“.

Остатоци од ракетите паднале во областа Дарницки во југоисточниот дел на главниот град, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Спасувачките служби укажале помош на четворица жители, од кои едниот имал повреди од урнатини.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку Телеграм напиша дека еден дел од ракетата оштетил зграда во изградба, што предизвикало пожар кој брзо бил изгаснат, додека друг дел од проектилот паднал на тревникот.

Шефот на воениот округ на регионот Киев, Руслан Кравченко, рече дека не е откриен напад на критичната инфраструктура.

Украинските власти ја обвинуваат Русија дека подготвува кампања за систематски напади врз енергетската инфраструктура на земјата „среде зима“, како што направи минатата година.

Во текот на претходната зима милиони луѓе останаа без струја. Оттогаш Киев ги зајакна своите системи за противвоздушна одбрана со западно оружје, но оценува и дека му треба повеќе оружје за да ги заштити тие области.

На 11 ноември Украина објави дека соборила проектил насочен кон главниот град, што воедно беше знак дека периодот од речиси два месеци релативен мир за Киев е завршен.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17