(ВИДЕО) Спасовски: Најдени се два пиштола кои треба да се вештачат, за четворица поднесовме пет кривични пријави

Од:

Полицијата денеска пронашла два пиштола кои ќе треба да се вештачат за да се види дали се користени во убиствата, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Денеска пронајдовме два пиштола кои треба да се вештачат“, рече Спасовски.

Тој посочи дека за оформување кривична пријава за таткото на убиената Вања Ѓорчевска се уште се работи. За четири лица, тројцата кои се во притвор и за Љупчо Палевски поднесени се пет кривични пријави.

„За четири лица, трите што се во притвор и Палевски, поднесени се пет кривични пријави. Вакво криминално како гнездо што е направено, мора да се разбијат. И партија која што е така формирана, мора да е дерегистрирана. Таткото е во 48 часовен притвор, се уште се работи, кога ќе се заврши ќе ве информираме“, кажа Спасовски.

Тој очекува и брзо да заврши постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски.

„Кога ќе се заврши постапката за екстрадиција. Очекувам тоа да се заврши брзо, ние сме подготвени“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец