Протести на илјадници државни службеници во Атина и Солун

Од:

Илјадници вработени во јавната администрација во Грција денеска со протести во Атина и Солун го започнаа најавениот 48-часовен штрајк, организиран од Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ).

Неколку илјади демонстранти го блокираа центарот на грчкиот главен град, додека други 10.000 лица поротестираа во Солун.

Училиштата и судовите беа затворени, а болниците работат со намален број на персоналот. Железничкиот сообраќај беше прекинат четири часа, а три часа работата ја прекинаа и новинарите.

Денешните протести се првиот масовен штрајк по летниот период и имаат за цел да извршат притисок врз коалициската Влада за откажување од строгите мерки за штедење кои се наметнати од меѓународните кредитори на Грција. Властите, сепак, најавија дека нема да се откажат од спроведувањето на мерките.

Главниот грчки синдикат на вработените во приватниот сектор, исто така, се приклучи на штрајкот со четиричасовен прекин на работата на неговите членови.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески