Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Од:

За Србија има само барања и задачи кои се поразлични од тоа што го потпишаа со Косово во договорот пред десет години, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговарајќи на новинарски прашања на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

– Ако сакате да се придружите на ЕУ, тогаш треба да се придружите и кон санкциите кон Русија. Тие нема да ја примат Србија додека не го признае Косово. Длабоко сум загрижен за луѓето во Србија. Често доаѓав во БиХ како претставник на ООН и често во Хрватска и во Србија.

Истата политика од Запад е и кон Република Српска односно кон ситре тие што имаат интерес за својот народ.

Сите народи имаат свои права. ЕУ требаше да биде сојуз на земји кои ќе се грижат за доброто на своите граѓани, но ништо од тоа. Не веламт дека ЕУ треба да се распадне, нема потреба за тоа – коментира шефот на руската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски