Кузеска: Егзотични патувања и луксузни часовници – Мицкоски ги одобрува скандалите на градоначалниците од ДПМНЕ

Од:

Градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали.

За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали.

Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.

Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.

Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра.

Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?

Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра.

До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски.

Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Со молкот Мицкоски застанува зад нив.

Заклучокот е едноставен: во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.

После 2 години локална власт јасно е дека ДПМНЕ не може да испорача резултат а скандалите се нивна одлика, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време