Лапароскопска метода првпат воведена во Охридската општа болница

Од:

Екипа лекари од Охридската општа болница денеска врз 24-годишна пациентка ја извршија првата лапарoскопска метода во новиот објект на здравствената установа.

Тие во присуство на професори од Скопје ја изведоа методата за која е најавено дека ќе биде дел од редовната практика во Охридската општа болница.

Претседателот на Управниот одбор на болницата доктор Сашо Василески најави дека и во иднина во болницата е предвидено да доѓаат визитинг-професори, како дел од проекцијата за развој на здравствената установа, како еден регионален центар во кој ќе се лекуваат жителите на Охрид, како и граѓаните од околните градови, со што нема да има потреба да патуваат за одредени прегледи и услуги на скопските клиники.

– Благодарение на Министерството за здравство нашата болница доби најсовремена медицинска апаратура. Следниот месец почнуваме со интервентна гастроскопија, така што пациентите со дигестивни проблеми нема да има потреба да одат повеќе во Скопје. Постигнавме договор за соработка со Клиничкиот центар во Скопје согласно кој првите неколку месеци во Охрид ќе доаѓаат визитинг професори кои ќе ги пренесат искуствата на лекарите во Охрид, истакна Василески.

Тој додаде дека во болницата сериозно се работи на кадровско доекипирање и најави нови вработувања за надминување на недостигот на кадар.

Воведувањето лапароскопска метода во Охридската општа болница го поздрави градоначалникот Никола Бакрачески

– Отворањето на новиот современ објект создаде одлични предуслови за воведување на нови здравствени методи и постапки кои менаџерскиот тим на болницата ги планира во наредниот период паралелно со континуирана едукација на кадарот во соработка со Клиниката за хирургија во Скопје и Министерството за здравство. Денес отпочнува нова ера во развојот на хирургијата во Охрид, најпрвин со абдоменална хирургија, а во иднина овие лапарoскопски методи, односно ендоскопски методи ќе бидат проширени и во другите делови на хирургијата, рече Бакрачески.

Инаку, лапарoскопијата е минимално инвазивна хуриршка метода при која се оперира со минијатурна камера во внатрешноста на стомачната празнина.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска