(ВИДЕО) Марковски: ВМРО-ДПМНЕ на клучни позиции носи лица кои не се членови, ќе бидам независен кандидат за претседател

Од:

Ќе бидам независен кандидат за претседател независно дали мојата партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ми даде поддршка или не, вели во интервју за А1он инфектологот Вело Марковски. Засега немал средби со челниците на партијата, но вели дека е лошо тоа што партијата за клучни позиции носи лица кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатурата, вели тој, не е поради предметот со артефактите, за кој тврди дека е монтиран.

„Се кандидирам од чисто патриотски причини. Секој треба да си ја сака татковината и да направи максимум што може да направи. Гледаме дека со преспанскиот и со бугарскиот договор на некој начин се врши делегитимација на македонскиот народ и навистина сме во еден момент кога е во прашање опстанокот на македонскиот народ, не на македонската држава. Сметам дека граѓаните треба да се запознаат со претседателскиот кандидат, кој е, за што се залага. Вака, кога партиите многу касно ги исфрлаат своите кандидати, изгледа дека народот нема потреба да знае кој ќе биде, доволно е да веруваат на партиите, дека тие го направиле најдобриот избор и мислам дека таквиот однос во последните 20 години е проблем, бидејќи се случува партијата која ќе изгуби да не го признава претседателот и имаме состојба која значи целосна маргинализација на претседателот. Не бегам од предметот, воопшто никој во т.н. група не се познава меѓу себе. Верувам во една коректност и во владеењето на правото. Ако не бев во политика, тој предмет веќе ќе беше завршен и застарен“, вели Марковски.

Тој е сигурен дека ќе ги собере потписите, иако смета дека е можно да има пречки во моментите кога граѓаните ќе ја даваат својата поддршка за независните кандидати.

„И преспанскиот и бугарскиот договор се основа за културоцид, етноцид и геноцид на македонскиот народ и нашава генерација, сите заедно, треба да снајдеме сили, да го сопреме процесот кој е отиден далеку. Сметам дека ова е процес најмалку од 100 години. Ако Македонија останеше цела, Балканот ќе беше мирен. Една најголема држава во средината на Балканот ќе беше гаранција за стабилност“, кажа Марковски.

Инфектологот не се согласува со тоа што Македонија покажува непријателство кон Русија. Смета дека многу земји се неутрални, бидејќи во моментот, картите на светот се прекројуваат. Како непријатели ги гледа Грција и Бугарија.

„Грција и Бугарија ги сметам за непријатели, но не се главни непријатели, имаат свои ментори. Главните непријатели мислам дека треба да ги бараме во глобалните сили кои прават глобални прераспределби, граници, а ние како македонци не се вклопивме во тоа нивно прашање. Кој стои зад тоа, најчесто се дознава после 50 или 100 години. Тие што не поделија, тие се непријатели. Мојата заложба ќе биде ние сега да направиме некоја стратегија за следните 10, 50 и 100 години. Тоа што е направено е направено“, вели во тој во интервјуто.

Докторот Марковски вели дека не гледа ништо лошо земјата економски да соработува со повеќе држави во светот и тврди дека ако Македонија се уништи, ќе се распаднат сите словенски земји. Според него, во светот владеат мултинационални компании, а политичарите слепо ги слушаат.

„Коренот на словенството е во Македонија. Стеблото оди преку Украина и гранките се другите држави. Ако коренот, Македонија се уништи, брзо ќе се распаднат и останатите словенски држави. Очекувам дека светот ќе стане похуман, дека ќе има други критериуми. Сега сме во една фаза во која мултинационалните компании владеат со светот, политичарите и државите се извршители кои слепо ги слушаат. Не гледам зошто ние економски да не соработуваме со некоја држава во светот“, кажа Марковски.

Погледнете го целото интервју на А1он со инфектологот Вело Марковски кој ќе се обиде да влезе во трката за претседател на Македонија.

Би можело да ве интересира

ДПА: Десничарската опозиција слави победа на изборите во Македонија

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов