Ковачевски: Македонија гласаше воздржано затоа што нападот на Хамас не беше спомнат во Резолуцијата

Од:

Македонија гласаше воздржано за Резолуцијата за хуманитарно примирје во Појасот Газа затоа што во актот не се спомнувале делата на Хамас, односно нападот кој оваа организација го изврши на територија на Израел на 7 октомври.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен образложи зошто Македонија гласала „воздржано“ за Резолуцијата во ОН за конфликтот во Израел.

– Голема слабост на резолуцијата е неспоменувањето на терористичкиот акт на Хамас од 7 октомври кој ние веднаш најостро го осудивме, како и правото на Израел да се брани. Затоа и гласавме за канадскиот амандман на резолуцијата. Одлуката за гласање не беше лесна. Одлучивме да гласаме воздржано затоа што Резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања, со што се согласуваме и ги поддржуваме, но отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не оставa простор за поинаков пристап во однос на гласањето. Во секој случај треба да продолжат активностите на меѓународната заедница за воспоставување на мир – рече премиерот Ковачевски.

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во појасот Газа, но Македонија беше воздржана.

Резолуцијата која беше предлог на Јордан, е усвоена со 120 гласа „за“ , со 14 “против“ и со 45 „воздржани“ . Македонија беше меѓу земјите кои се воздржаа за резолуција со која се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади, а исто така се повикува на непречена помош и заштита на цивилите.

Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат морална тежина.

Би можело да ве интересира

Преговори Израел – Хамас, вечерва може да се прогласи прекин на огнот во Газа

А1он

Калил ал-Хаја: Ниту секунда не му веруваме на Израел

Иран развива оружје со дострел од 8.000 километри, Израел вели тоа е голема закана

Израел нема да биде воодушевен од барањата на Хамас

Трамп вети поддршка од САД за безбедносни гаранции за Појасот Газа

ВИДЕО: Израел со снимки потсетува на нападот на Хамас и почетокот на војната во Газа пред две години

Катерина Ѓуровски