ВИДЕО: Израел објави снимка од пробивањето низ Газа

Од:

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) објавија снимки од нивните копнени операции во Појасот Газа. На снимката се гледа како војниците ја пробиваат граничната ограда и потоа, поддржани од тенкови, напредуваат во Појасот Газа. На видеото се гледа и извршување на бројни воздушни напади, пишува Sky News.

ИДФ соопшти дека операциите биле извршени во близина на преминот Ерез на северната граница меѓу Израел и Газа.

„Забележавме неколку терористи кои излегуваат од тунел во Појасот Газа. По идентификацијата, војниците ги нападнаа и ги убија или повредија. Дополнително, нашите авиони нападнаа две бази на терористичката организација Хамас и убија неколку терористи“, соопшти ИДФ.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Хамас регрутираше 30.000 момчиња, започнува нова герилска војна

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса