Израелците отидоа предалеку, ќе вовлечат и други во конфликтот предупредува претседателот на Иран

Од:

Израелските воени акции во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе ги вовлечат другите во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

„Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарните и воените, ги преминаа црвените линии што може да принудат секого да дејствува“, рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира.

Раиси со тоа ги повтори предупредувањата на политичкото и военото раководство на Иран насочени кон Израел и САД по нападот на Хамас на 7 октомври.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги пофали извршителите на нападите, но негираше директна иранска вмешаност во нивното планирање.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“