Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини изјави дека се уште не донел одлука дали ќе се кандидира за претседателското место на Светската фудбалска асоцијација ФИФА.
– Одлуката околу евентуална кандидатура за раководното место во ФИФА ќе ја донесам за време или по одржувањето на Мундијалот во Бразил следната година, изјави Платини кој се наоѓа на работна средба во Дубровник, Хрватска.
Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат кон средината на 2015 година.
Најава за повторна кандидатура има и од актуелниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер.
Инаку, на состанокот во Дубровник, 54 членки на УЕФА треба да расправаат околу можната одлука на ФИФА, Светското првенство 2022 година во Катар да се игра во зима.