Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска објави дека во последната финансиска година остварил приход од 648,4 милиони фунти или 783,5 милиони долари, пренесе АП.
Англискиот клуб оствари рекордна добивка во Премиер лигата. Најновите финансиски податоци на Манчестер Јунајтед беа објавени во време кога британскиот милијардер Џим Ретклиф наводно е подготвен да купи 25 отсто од англискиот клуб од сопствениците, семејството Глејзер.
Вкупните приходи се за 11 отсто поголеми од претходната година, иако тимот од Олд Трафорд играше во Лигата на Европа, а не во Лигата на шампионите.