(ВИДЕО) Израел со тенкови влезе во Газа: „Нападнавме позиции на Хамас“

Од:

Израелските копнени сили извршија релативно голем упад во Појасот Газа во текот на ноќта, јавува Ројтерс повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот во северниот дел на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од битката. „Тенкови и пешадија на ИД нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. Армијата се врати на израелска територија по нападот“, објави ИДФ на социјалните мрежи и прикачи видео од копнената операција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“