ФОТО: Ова е напаѓачот од Ист Гејт, МВР апелира секој кој има информации да пријави

Од:

Министерството за внатрешни работи го има ликот на напаѓачот од Ист Гејт кој денеска ги рани Раде Трајковски Штекли и негов пријател, но уште трага по неговиот идентитет. Од таму испратија известување, во кое бараат секој кој има сознание за лицето или го забележи, веднаш да пријави во МВР.

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или анонимно да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, велат од МВР.

Напаѓачот кој носи бел блузон, црна капа и темни панталони по пукањето трча директно кон безбедносната камера, чие видео беше испратено до редакцијата на А1он.

Од оваа, но и од другите камери, МВР го има обезбедено ликот на напаѓачот. Фотографијата која ја објави МВР пак, е од главниот излез од трговскиот центар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски